Skip to main content

УИНТ „Св. Апостол Павле“ – Охрид

УИНТ „Св. Апостол Павле“ утре ќе го одбележи денот посветен на својот патрон

Свеченоста ќе се одржи утре, 22 октомври (среда), со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе присуствуваат претставници од академската заедница, студенти, гости и пријатели на институцијата.
 |  инфодеск  | 
УИНТ Св. Апостол Павле

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ свечено ќе го одбележи патрониот ден посветен на својот заштитник и духовен патрон – Св. Апостол Павле. Свеченоста ќе се одржи на 22 октомври (среда) со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе присуствуваат претставници од академската заедница, студенти, гости и пријатели на институцијата.

Настанот е посветен на духот на мудроста, истрајноста и инспирацијата, кој повеќе од една деценија го води Универзитетот во неговата мисија за развој на современо образование и научно-истражувачка работа. УИНТ „Св. Апостол Павле“ е препознатлив како институција која ги спојува информатичките науки, технологијата и иновациите, обезбедувајќи образование според современи стандарди и подготвувајќи кадри кои придонесуваат за дигиталната трансформација на општеството, велат од Универзитетот za информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.