Охрид ќе го одбележи 23. Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
Општина Охрид со бројни свечености ќе го одбележи 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
-Овој празник е потсетник на храброста и визијата на нашите претходници и темел на нашата борба за државност и независност. Да ги чуваме и чествуваме делата на нашите револуционери и да продолжиме заедно по патот на вистинските вредности, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Активностите започнуваат утре напладне во Спомен куќата на Григор Прличев ќе биде промовирана книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Ќе следат обраќања на претставник од Општина Охрид, авторите, уредникот на едицијата „Охридско книжевно налседство“, како и настап на Митко Колјушевски и учениците од ОМУ „Методи Патчев“.
Во 19 часот ќе се одржи свечената академија по повод празникот во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, како и културно-уметничка програма.
Во четврток, 23-ти октомври, од 10 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери.