Утре промоција на книгата ,,Охридски фолклористи”
Настанот ќе се одржи во спомен-куќа на Григор Прличев со почеток во 12:00 часот.
Во рамките на Програмата на Општина Охрид за чествување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, утре ќе биде промовирана книгата ,,Охридски фолклористи” од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Во програма предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, на уредникот на едицијата ,,Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, како и на промоторот проф. д-р Велика Серафимоска. Исто така предвиден е настап на Митко Колјушевски – текстописец, автор, композитор, музичар.
Настанот ќе се одржи во спомен-куќа на Григор Прличев со почеток во 12:00 часот.
