Skip to main content

Објавен конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година

НУЦК “Григор Прличев” -Охрид објави конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година.
 |  инфодеск  | 

НУЦК “Григор Прличев” -Охрид објави конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година.

Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 22 ноември 2025 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда, а за изборот односно наградата одлучува 3 члено жири составено од реномирани автори од Македонија.

Сите заинтересирани автори треба да ја испратат необјавената поема на адресата НУЦК “Григор Прличев”- Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.

За дополнителни информации сите заинтересирани може да се обратат на телефонот за контакт 046/261-063, или е-адреса: centarzakultura_ohrid@yahoo.com.