Skip to main content

Пукање и пожар во шаторите пред српскиот Парламент во Белград

Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет и еден уапсен.
 |  инфодеск  | 

Неколку шатори горат пред Собранието на Србија, а три пожарникарски тимови се обидуваат да ги изгаснат. Според белградски медиуми, приведено е едно лице. 

Како што е објавено на социјални мрежи, на пожарот му претходеле истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огнено оружје. РТС објави неофицијални информации дека причина за пожарот наводно била плинска боца.