Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Охрид минималните температури од 10, а максималните до 19 степени Целзиусови.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h.