Skip to main content

УХМР

Променливо облачно и релативно топло

Во Охрид минималните температури од 13, а максималните до 19 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
облаци над езеро

Променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h).

Во Охрид минималните температури од 13, а максималните до 19 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека од утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).