Skip to main content

Сефиданис и ВИ во служба на просветата и културата во Охрид: „3000 години охридска писменост“

„3000 години охридска писменост“, видео изработено со помош на најновата верзија на Sora AI, а по повод Патрониот ден на УИНТ.
 |  инфодеск  | 

Д-р Анис Сефиданис, професорот на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, го објави својот најнов проект, „3000 години охридска писменост“, кратко видео кое е е изработено со помош на најновата верзија на Sora AI, а по повод Патрониот ден на УИНТ.

– Видеото ќе ве одведе на авантура од наколните живеалишта кај „Заливот на коските“, преку уметноста на Античкиот театар, Светлината од училиштето на св. Климент, миризливите предавања под стариот чинар со Прличев, топлите југословенски училници, до денешните современи лаборатории на УИНТ „Св. Апостол Павле”, вели Проф. д-р Сефиданис.

Инаку, филмот беше прикажан во влезното фоаје на универзитетот, каде што гостите имаа можност да научат нешто повеќе за историјата на образованието и културата во Охрид, но и да се запознаат со најновите светски трендови на генеративна вештачка интелигенција.