Skip to main content

ШК Ласкер Охрид

Одржан X Младински турнир во шах Ласкер 2025 кадети

Денеска се одржа X Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2025“ за пионери, за учениците од Основните училишта од Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 

 Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, денеска се одржа X Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2025“ за пионери, за учениците од Основните училишта од Општина Охрид.

– Учесниците беа поделени во две категории момчиња и девојчиња (до 5 одделение). На турнирот во машка конкуренција учествуваа 14 ученици кои играа 6 кола по Швајцарски систем, а на турнирот во женска категорија учествуваа 8 ученички. Се играа 5 кола, по Швајцарски систем, информираат организаторите.

Резултати девојчиња:

1. место Сара Момироска, IV одд, ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид,
2. место Мила Ѓоргоноска, V одд, ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид и
3. место Ана Бошкоска, IV одд, ООУ „Григор Прличев“ Охрид.

Резултати момчиња:

1. место Павел Групчев, III одд, ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид,
2. место Нино Деркоски, IV одд, ООУ „Григор Прличев“ Охрид и
3. место Актан Реџеп, IV одд, ООУ „Братство Единство“ Охрид.

Учениците обезбедија учество на Државниот натпревар во шах за учениците oд основните училишта кој е во организација на Федерација на училишен спорт на Република Македонија.