Skip to main content

Викендов во Охрид ќе се одржи Интердисциплинарна студентска конференција

Настанот ќе опфати 14 едукативни работилници, две панел-дискусии и една тематска забава, а работилниците ќе обработуваат теми од различни области — економија, технологија, здравје, општество и личен развој.
 |  инфодеск  | 

Денес и утре Oхрид ќе биде центар на младинската енергија, знаење и инспирација — ќе се одржи Втората Интердисциплинарна студентска конференција, во организација на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Од таму информираат дека настанот ќе опфати 14 едукативни работилници, две панел-дискусии и една тематска забава, а работилниците ќе обработуваат теми од различни области — економија, технологија, здравје, општество и личен развој.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат и две панел-дискусии на теми: природно или совршено — што избираме и бесконечен раст на конечна планета — дали сме жртви на сопствената алчност.

-Настанот има за цел да поттикне критичко размислување, интердисциплинарен пристап и активно вклучување на студентите во теми што го обликуваат современото општество, при што конференцијата претставува платформа за размена на идеи, искуства и визии за иднината, информираат од Универзитетското студентско собрание на УКИМ.