Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, локално поројни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Од УХМР информираат дека во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а во петок повторно се очекуваат врнежи од дожд.
Минималните температури од 12, а максималните до 20 степени Целзиусови.