Прличевци дел од завршната мобилност на проектот „Climate Change Data Journalism“ во Турција

Од ООУ „Григор Прличев“ информираат за нивната последна посета во Ескишехир, Турција, во рамките на завршната мобилност од Erasmus+ проектот Climate Change Data Journalism, заедно со наставници од партнер-училиштето од Италија и координаторите од Португалија.

-Со оваа завршна мобилност беа финализирани сите проектни активности во траење од две години. Горди сме што нашето училиште имаше успешно претставување во семејството на Erasmus+, бидејќи квалитетната работа, посветеноста и трудот секогаш го наоѓаат својот пат, се вели во нивното соопштение.

Од таму додаваат дека ваквите проекти не се само можност за учење и професионален развој, туку се и градење мостови на пријателство, разбирање и меѓусебна поддршка меѓу учениците и наставниците од различни земји, но и дека искуствата, знаењата и спомените што ги стекнаа ќе останат трајна мотивација за идни соработки и нови предизвици.







