Во просториите на Младински Центар Охрид во петок ќе се одржи „Креативна есенска работилница“.
-Време е да ја разбудиме креативноста и да ја почувствуваме магијата на есента! Ќе создадеме нешто убаво, инспирирано од боите и топлината на ова годишно време, велат од Младински Центар Охрид.
Материјалите се обезбедени од организаторот, а работилницата започнува во 14:30 часот.
