Проблем во Струга, нова преливна шахта
Не престанува човечкото злосторство кон животната средина, обвинија денес струшките екологисти, Со изградбата на дополнителна шахта од страна на МЈП „Проаква“, тие сметаат дека во опасност се доведува еко системот на реката Црн Дрим.
шахта пречистителна
Атак на живиот свет во реката Црн Дрим. Вака екологистите го нарекоа новиот зафат на „МЈП „Проаква“ Р. Е. Колектор од каде деновиве работат на поставување на дополнителна шахта во близина на пречистителната станица на влезот во Струга. Недозволиво е ниту капка вода да протече низ веќе поставената тунелска цевка наменета за проток на непрочистените фекалии, вели екологот Мате Гогоски, повикувајќи се на алармирањето од страна на очевидци.
Ова што ни се случува е невиден злостор, вели Трпе Негриески очевидец на целата состојба. Тој вели дека побарале спас од струшките екологисти и од Министерството за екологија со цел да се стопира тоа што се прави на сред бел ден и во очи на јавноста. Негриески додава дека не се обратиле до „Проаква“, бидејќи сметаат оти одговорните свесно го прават тоа.
Одговорниот на Р.Е. Колектор- Струга, Ваит Аиро рече дека секој има право на информација околу тоа што се случва во близина на прочистителната станица на влезот во Струга. Тој објасни дека станува збор за изградба на помошна шахта за сепарирани води и гарантира дека тие не би биле штетни за реката Ц. Дрим. Аиро додаде дека ова се прави за спас на Охридското езеро.
Аиро одговорно тврди дека оваа дополнителна шахта, ќе се стави во употреба доколку би престоела опасност да се поплави Струшко поле, Мислешево, и да се спречи влевањето на секакви води во Охридското Езеро. Ајро не ги оправда ниту коментарите на граѓаните во Струга дека со оваа шахта се планирала заштеда на енергија, напротив тој кажа дека оваа шахта би правела плус трошок на електрична енергија. Но ваквите тврдења не ги смирија загрижените стружани. Тие рекоа дека нема така лесно да дозволат оваа дополнителна преливна шахта да профункционира и упатија апел до одговорните на МЈП „Проаква“ дека ќе одат до највисоките државни и меѓудржавни инстанци.
{loadposition content9}