Skip to main content

Земјотрес во западна Турција, повредени над 22 лица

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала минатата вечер ја погоди Западна Турција.
 |  инфодеск  | 

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени.

Според последните информации, урнати се три згради, а пристигнати се над 500 пријави за оштетени објекти. Властите изјавија дека спортските сали, училиштата и џамиите се отворени како засолништа и дека образовниот процес денеска е прекинат.