Skip to main content

народен театар охрид

Четврток претпремиера, петок премиера на театарската претстава „Парите се отепувачка“

Четврток и петок, охриѓани ќе уживаат во најновото драмско остварување на Народен театар Охрид, драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.
 |  инфодеск  | 

Четврток и петок, охриѓани ќе уживаат во најновото драмско остварување на Народен театар Охрид, драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре). Адаптацијата и режија е на Андреј Цветановски, сцена, костими и видео дизајн Сергеј Светозарев, а за музиката е задолжен Димитар Андоновски.

Премиерата е закажана за петок, 31 октомври, а претпремиерата ќе се одржи ден претходно, на 30 октомври, со почеток во 20 часот.

Билетите се во продажба по цена од 300 денари за претпремиера и 400 денари за премиера, а работното време на билетарата е од 10 до 20 часот. Претставите започнуваат во 20 часот.