На овогодинешните World Travel Awards, Португалија беше избрана за најдобра дестинација во Европа. Инаку, Португалија ја врати титулата што ја загубија од Грција минатата година, а која ја освоија шест пати од 2017 година.
Ова признание ја потврдува Португалија како земја со уникатна комбинација од култура, гастрономија, архитектура и природна убавина, што ја прави омилена меѓу патниците од целиот свет.
Лисабон е избран за Најдобра европска градска дестинација, а Алгарве, повторно ја освои титулата за Најдобра покрајбрежна дестинација во Европа. Покрај нив, островскиот регион Мадеира е прогласен за Најдобра островска дестинација, со што Португалија освои рекордни осум награди во различни категории.
Министерот за туризам на Португалија изјави дека наградата е „потврда на успешната стратегија за одржлив туризам, кој го почитува локалното наследство и ја штити природата“.
Светските награди за патувања се познати како „Оскари на туризмот“ и постојат од 1993 година, признавајќи ја извонредноста во глобалната туристичка и угостителска индустрија секоја година.