Ураганот Мелиса ја опустоши Јамајка, во Куба е еден од најсилните што го погодиле островот од 2017 година
Ураганот „Мелиса“, кој се смета за најсилниот досега, предизвика огромни разурнувања на Јамајка и во други делови на Карибите. Властите изјавија дека градот Сент Елизабет е потопен, а повеќе од половина милион жители останале без струја и телефонски услуги. Засега нема информации за жртви.
-Ова е катастрофална ситуација. За Јамајка сигурно ќе биде бура на векот, изјави специјалистката за тропски циклони од Светската метеоролошка организација Ен-Клер Фонтан.
Додека минуваше над Куба, неговата сила се намали од петта на трета категорија, но последиците и штетите што ги предизвика сè уште се проценуваат. Ветровите на Куба достигнаа 205 километри на час, што го прави еден од најсилните што го погодија островот од ураганот Ирма во 2017 година. Претседателот на Куба, Мигел Дијас-Канел Бермудес, изјави дека поради ураганот се евакуирани над 735.000 луѓе во земјата. Мелиса ослабна кога стигна до Куба, но се очекува да остане моќен ураган на својот пат кон Бахами и Бермуда.
На Карибите, Мелиса е третиот најсилен ураган што ја погодил земјата по Вилма во 2005 и Гилберт во 1988.
Jamaica 🇯🇲
— Rusty Sun Compass (@sun_iscompass) October 29, 2025
Hurricane Melissa aftermath pic.twitter.com/WcUVfhbgTR