Skip to main content

Оставка од директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје поради морални причини

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и Аки Саити, управителот за отпад во претпријатието, добија мерка притвор од 30 дена поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.
 |  инфодеск  | 

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми дал неотповиклива оставка од својата функција, вчера за време на распитот во Кривичниот суд, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ, а била депонирана на записник пред судија на претходна постапка и опишана како „морален чин“ и гаранција дека Рустеми нема да влијае врз истрагата.

Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното претпријатие Комунална хигиена. Тоа е еден морален чин од страна на сега веќе осомничениот, веќе поранешен директор Рустеми кој што не сака јавноста да мисли дека ќе ја попречува истрагата на кој било начин, изјави синоќа адвокатот Алиспахиќ.

Оставката доаѓа во момент кога судот му одреди 30 дена притвор на поранешниот в.д. директор на „Комунална хигиена“ и на управителот за отпад во претпријатието, Аки Саити. Обвинителството ги товари дека со своето постапување го загрозиле животната средина и природата со отпад, кривично дело од член 230 став 1 од Кривичниот законик, кое според одбраната е ретко и дополнително проширено со измени во 2023 година.

Инаку, Рустеми е кадар поврзан со ДУИ, а беше поставен на директорската функција на 29 јануари 2025 година, со одлука на градоначалничката Данела Арсовска.

Фото: https://24info.mk/