Skip to main content

Охриѓанец нападнат од женско лице со стаклен предмет во угостителски објект

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  Габриела Трпческа  | 
Свр охрид

 На 28 октомври 2025 година, во 14:15 часот во СВР Охрид, 21-годишно лице од Охрид пријавило дека два дена претходно, на 26 октомври 2025 година, околу 02:30 часот во угостителски објект во Охрид бил нападнат со стаклен предмет од едно женско лице, при што се здобил со повреда, констатирана во Општа болница во Охрид.

– Се преземат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.