Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 22.10.2025 во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на ул„Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот како ја носи неговата малолетна ќерка да проси и потоа ги земал парите од детето. Тој веднаш е лишен од слобода и поднесена му е пријава.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Прилеп, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 04.10.2025 на место со див отпад во Струга, пријавениот предизвикал пожар на тој начин што запалил кабли. Тој сам го изгаснал пожарот, но бил затекнат на местото и бил лишен од слобода.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 04.10.2025 на паркинг простор во Струга, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот со остар предмет се обидел да нападне едно лице од Струга.