Skip to main content

обединети нации

Македонија гласаше за продолжување на санкциите на САД кон Куба

Против резолуцијата гласаа САД, Израел, Аргентина, Унгарија, Парагвај, Македонија и Украин, а дванаесетте воздржани беа Албанија, Босна и Херцеговина, Костарика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска, Молдавија и Романија.
 |  инфодеск  | 

Генералното собрание на ОН повторно ѝ даде силна поддршка на Куба, усвојувајќи резолуција со која се повикува на укинување на американското ембарго што е во сила повеќе од шест децении. За документот гласаа 165 земји, против беа седум, меѓу кои и Македонија, а 12 беа воздржани.

Резолуцијата, со ознака A/80/L.6, ја нагласува потребата од „итно запирање на економската, трговската и финансиската изолација на Куба“, воведена од Вашингтон во 1962 година. Иако документот секоја година добива речиси едногласна поддршка, тој има симболично, но не и обврзувачко значење, бидејќи само Конгресот на САД може да ја укине блокадата што е утврдена со федерални закони (Cuban Democracy Act и Helms–Burton Act).

Повеќето членки на ОН сметаат дека санкциите се анахронизам од Студената војна и дека го загрозуваат цивилното население, а не власта во Хавана. Куба оцени дека резултатот од гласањето претставува „јасна и гласна порака“ до Вашингтон дека светот бара крај на блокадата и поддршка за правото на Кубанците на економски и социјален развој. објави Скопје1.мк

Инаку, минатата година Македонија гласаше „за“ укинување на ембаргото, заедно со 187 држави, а против беа само САД и Израел. Значи, 2025 донесе смена на позицијата – од усогласување со европската линија кон усогласување со американската.