Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид: Пријавено физичко насилство во Основно училиште во Струга, нападнат велгоштанец на автобуска постојка

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 30 октомври 2025 година, во 10:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека во Основно училиште во Струга, двајца ученици го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз нивни соученик.

– Полициски службеници, заедно со претставници од школото и од Центарот за социјални работи Струга, работат на расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. 

 На 31 октомври 2025 година, во 00:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на автобуска постојка во охридското село Велгошти, едно лице физички нападнало 28-годишник од истото село.

Тој бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.