Skip to main content

Црвен крст Охрид

Утре едукативно-забавен настан по повод Светскиот ден на дијабет во Охрид

Штандот на Црвен крст Охрид ќе биде поставен на пешачката патека кон Горица, после мостот, утре, недела, на 2 ноември 2025 година, од 11 до 13 часот.
 |  инфодеск  | 
Црвен крст

Во пресрет на Светскиот ден на дијабет – 14 ноември 2025 година, Црвен крст Охрид, во соработка со Здружението на лица со дијабет тип 1 од Охрид, ќе организира едукативно-забавен настан со цел подигнување на свеста за дијабетот и значењето на здравите навики.

Настанот ќе вклучи мерење на шеќер во крвта, едукативни активности и физичка активност за сите заинтересирани посетители.

Штандот на Црвен крст Охрид ќе биде поставен на пешачката патека кон Горица, после мостот, утре, недела, на 2 ноември 2025 година, од 11 до 13 часот.