Skip to main content

општина охрид

Охрид со низа настани и свечености ќе го одбележи 7 Ноември, Денот на ослободувањето

Оваа година се одбележуваат 81 година од ослободувањето на Охрид.
 |  инфодеск  | 

Четврток започнуваат чествувањата на Општина Охрид по повод 7 Ноември, 81 година од ослободувањето на Охрид.

Свеченостите започнуваат со изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, по што ќе следи културно – уметничката програма насловена „Охридска музичка антологија“.

Во петок, 7-ми ноември, ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го одбележи својот патронен празник. Свежо цвеќе ќе биде положено и на спомен-обележјата од НОБ, на Градските гробишта, во Градскиот парк, пред Основниот суд во Охрид и во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Панихида и полагање цвеќе е предвидено и пред спомен-обележјето на Јасна Ристеска во селото Рамне. Од 10:00 до 11:00 часот ќе се одржи „Ohrid fly Festival“, регионален параглајдинг перформанс по повод Денот на ослободување на Охрид, по што ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата од НОБ во Спомен паркот на револуцијата.

Како дел од програмата е и свечената приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“ и Седмоноемврискиот концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ во концертната сала на училиштето. Од 19:00 часот во предворјето на црквата „Св.Софија“ ќе биде промовиран албумот „Егрегор“ и концерт на Никола Стојковски (Fin project) и Тања Царовска.

Во сабота, 8-ми ноември, од 18:00 часот во ОСУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи музичко – сценскиот проект „Ехото на Охрид“, свечен аудиовизуелен настан по повод денот на ослободувањето „Развој на животот: Од келија до ѕвезди“.