Skip to main content

општина охрид

Јавен повик за финансирање на предлог идеи од социјална и здравствена заштита

Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на здравствената и социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2026 година, ќе поддржи предлог идеи на правни лица кои вршат дејност од јавен интерес од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, фондации и слично, регистрирани на територија на општина Охрид кои се занимаваат со активности од областа на здравствената и социјалната заштита, со цел намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби чии активности се на територјата на општина Охрид, кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик.

Целта на реализација на оваа активност е Општина Охрид да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на здравствената и социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 18.11.2025 година до 15.00 часот.

Повеќе детали за јавниот повик на линкот.