Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид за академската 2025/2026 година.
Потребните документи заедно со изјавите треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик, а се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од општина Охрид и потекнуваат од семеjства со социјален ризик, за академската 2025/2026 година, или лично во архивата на општина Охрид.
Образовниот додаток се доделува еднократно за целата академска 2025/26 година, а износот на образовниот додаток е 6000 денари.
Повеќе информации на линкот.