Skip to main content

„Нова Зора“ – весник на македонски јазик во Грција

Во Грција излезе првото издание на весникот „Нова Зора“ кое содржи текстови на македонски јазик.

 |  Маја Савиќ  | 
nova zora
нова зора

Пораката на весникот е јасна „Времињата на стравот поминаа. Нашата земја не може веќе да се крие зад прст. Мора да се согласи и да се прилагоди на тоа што се случува во другите европски земји“, порачува редакцијата на весникот и нејзиниот главен уредник, Димитри Јоану.

nova zora– Денешниот ден е еден историски ден за македонското движење, но и за сите грчки граѓани кои посакуваат една навистина европска, демократска Грција. Почнува да циркулира првото масовно средство за информирање кое содржи вести, артикли и коментари и на македонски јазик. Еден јазик кој во Грција официјално не постои, но неофицијално го зборуваат или го разбираат повеќе од половина милион луѓе, претежно во северна Грција, се вели во денешното соопштение од редакцијата на весникот на македонски јазик „Нова Зора“.

„Нова Зора“ е весник кој се обраќа пред се на Македонците кои сакаат да држат контакт со нивниот мајчин јазик, кои посакуваат да го научат подобро и тие и нивните деца, кои сакаат да ги бараат нивните права, да научат за нивната историја и култура.

– Истовремено, весникот се обраќа и кон пошироката публика, кон тие кои не можат веќе да трпат заговор за неинформирање, во кој не осудија останатите грчки медиуми и големите новинари. Затоа, Нова Зора ќе им понуди на читателите теми што не се наоѓаат на друго место. Непознати страни на познати случувања кои намерно останаа во темнината со децении, обични секојдневни приказни, анализирања и мислења без маски, зависност и дотерувања. Ова е нашиот аманет, појнсува редакцијата на „Нова Зора“.
{loadposition content9}