Skip to main content

ШК Ласкер Охрид

Одиграно второто коло од V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“

Турнирот е во чест на 7 Ноември, ослободувањето на Охрид.
 |  инфодеск  | 

Вчера беше одиграно и второто коло од V Општинско првенство во шах – 7 Ноември 2025, кое оваа недела се одржува во просториите на ШК „Ласкер“ Охрид, во ООУ „Братство Единство“ – Охрид. На првенството учествуваат 24 шахисти од Охрид и Струга, а турнирот се игра по Швајцарски систем во 7 кола со темпо 30 минути со додаток од 30 секунди на секој потег.

Резултатите во прилог:

V Општинско првенство во шах 7 Ноември 2025 се организира во согласност со Годишната програма за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.