Skip to main content

СВР Охрид

Тешко повреден возач во сообраќајка кај селото Оровник на автопатот Охрид-Кичево

Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 4 ноември 2025 година, околу 15:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во атарот на селото Оровник, општина Дебрца, патничко возило марка „Смарт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од селото Горенци, Општина Дебрца, излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.