Свикана е втората седница на Советот на Општина Охрид на ден 12.11.2025 година (среда) со почеток во 9 часот, а ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата е предложен следниот дневен ред:
Усвојување на Записникот од првата конститутивна седница
- Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.
- Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.
- Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.
- Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.
- Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.
- Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.
- Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.
- Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.
- Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.
- Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
- Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.