Одиграно третото коло од V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“ кое се одржува во просториите на ШК Ласкер Охрид во ООУ Братство Единство Охрид.

На натпреварот учествуваат 24 шахисти од Охрид и Струга, се игра по Швајцарски систем во 7 кола со темпо 30 минути со додаток од 30 секунди на секој потег. Турнирот е во чест на 7 Ноември, ослободувањето на Охрид.

V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“ се организира во согласност со Годишната програма за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.
Резултатите во прилог:


Инаку, од ШК Ласкер ги повикуваат сите љубители да дојдат да ги следат во живо партиите кои се играат на првенството.