Skip to main content

општина охрид

Со изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“ почнуваат чествувањата по повод 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

81 година од ослободувањето на Охрид.
 |  инфодеск  | 

Денеска започнуваат чествувањата на Општина Охрид по повод 7 Ноември, 81 година од ослободувањето на Охрид.

Свеченостите започнуваат со изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, по што ќе следи културно – уметничката програма насловена „Охридска музичка антологија“.

Инаку, посетителите ќе можат да погледнат изложба на ликовни дела „Охрид во минатиот век преку цртеж, акварел, акрил и пастел“ од Славко Упевче и изработка на мозаик „Градски часовник“ на јужниот ѕид од црквата Света Богородица Челница во Охрид (механизам на часовникот Борис Упевче), како и изработка на „Мозаична мапа на град Охрид и Лихнид“, дела од Никола Упевче. Изложбата ќе биде отворена во 18 часот.