Skip to main content

Културата расте со децата „За сите деца“

Детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини” вечерва во Охрид Мол

Претставата „Застани, погледни, па на пешачки премини” има за цел преку театарско-едукативен пристап, пропратен со забава, хумор, песни и игри, да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се преминува улица, препознавање на знаци и сигнализација , безбедно однесување со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција.
 |  инфодеск  | 

Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, вечерва ќе биде прикажана детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини”.

– Претставата има за цел преку театарско-едукативен пристап, пропратен со забава, хумор, песни и игри, да ги научи децата на основните сообраќајни правила: како се преминува улица,  препознавање на знаци и сигнализација, безбедно однесување со велосипед/тротинет и сузбивање на стравовите и грешната перцепција за сообраќајната полиција. Оваа е продолжение на куклената претстава „Другарство“. Креирањето на нова претстава со истите урнебесни ликови, дополнително ќе помогне при обработувањето на оваа исклучително важна тема, сообраќаен бон-тон, велат организаторите.

Почетокот на претставата е во 19:00 часот во Трговскиот центар Охрид Мол.