Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Од УХМР велат дека и утре ќе има локални врнежи во претпладневните часови . Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.
Во Охрид минималните температури од 10, а максималните до 13 степени Целзиусови.