Skip to main content

Младински Центар Охрид

Младинска конференција за женско претприемништво во МЦО

Настанот е посветен на поттикнување на младинското и женското претприемништво преку споделување инспиративни искуства, практични совети и создавање можности за вмрежување.
 |  инфодеск  | 

Младински Центар Охрид организира Конференцијата посветена на младинското и женското претприемништво, која ќе се одржи на 11ти ноември 2025 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.

Настанот е посветен на поттикнување на младинското и женското претприемништво преку споделување инспиративни искуства, практични совети и создавање можности за вмрежување.
Конференцијата ќе обедини локални претприемачки, млади лидери и професионалци од различни области кои преку своите приказни и примери ќе ја поттикнат креативноста и акцијата кај младите.

Панелистки на настанот ќе бидат:

  • Тијана Цресензи – Product & AI Designer / основачка на Vinstreet
  • Моника Коцарева Ергиќ – модна дизајнерка / Atelier Kocareva
  • Емилија Алексијоска – архитектка / Studio77

Организаторите во нивното соопштение додаваат дека програмата вклучува панел-дискусија: женско лидерство, креативност и иновација, интерактивна сесија „Од инспирација до акција“ – mini speed-mentoring со младите, како и можност за изјави и интервјуа со панелистките и организаторите.