Во пораст респираторните болести во охридскиот регион
Во пораст респираторните болести во охридско струшкиот регион. Најпогодени се децата до шест години. Лани, болестите на респираторниот систем учествувале со стапка од 1191 на 1000 мали деца. Според анализата на ЦЈЗ, поразително е и тоа што во возрасната категорија, основци средношколци и студенти, последниве години ова е доминантно заболување, но со малку пониска стапка.

–Како најзачестени дијагнози, да речам, најфреквентни дијагнози од оваа група на заболување се јавуваат диагнозите како во спаление на горните респираторни патишта, акутен фарингит, акутен тонзелит, значи тоа е всушност, воспалување на грлото и на крајниците, вели д-р Даниела Чингоска специјалист по социјална медицина и јавно здравје.
Главните причини за порастот на респираторните болести е загадувањето на животната средина. Лекарите велат итно се потребни широкоопфатни системски мерки за заштита.

–Мерки интервенции кои што би требало, кои што би можеле да ги превземеме на општествено ниво, би вклучувале имплементирање односно регулативи за подобрување на животната средина. Тука не можеме да ги затвориме очите пред сите тие загадувачи на животната средина. Главните загадувачи ни се деплониите , кои што ни се еден голем општествен предизвик на кој што, навистина, треба да им се посвети внимание бидејќи сите го дишеме истиот воздух, вели д-р Даниела Чингоска специјалист по социјална медицина и јавно здравје.
Со стартот на грејната сезона мерните станици на брегот на Охридското Езеро повторно го вклучија алармот. Присуството на штетните ПМ 10 честички во воздухот е повеќекратно над дозволените граници особено во ноќните часови.

Новинар Соња Рилковска