Skip to main content

општина охрид

Одржана конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата 

Советот го сочинуваат 13 членови: претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струка. 
 |  инфодеск  | 

Во просториите на Општина Охрид, вчера, се одржа конститутивна седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид.

Советот го сочинуваат 13 членови: претставници од Општина Охрид, претставници од СВР Охрид и професори од сообраќајна струка. 

На седницатат беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, беше дискутирано за  тековните активности поврзани со безбедноста на сообраќајот, состојбата со инфраструктурата, како и предлози за  Годишната програма на Советот за 2026 год. која ќе биде усогласена во рамките на буџетот на Општина Охрид.