Skip to main content

УХМР

Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност

Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 14 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Од УХМР информираат дека следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Денес во Охрид минималните температури од 4, а максималните до 14 степени Целзиусови.

Фото: Ѓоко Симјаноски