Во пресрет на 14 Ноември, Меѓународниот ден на лицата со дијабет, започна циклусот од 5 настани чиј прв беше насловен „Моќта на живата исхрана“.

Во просториите на Средното угостителско училиште во Охрид, под менторство на проф. Васко Талески и со водство од Милена Јабука Димоска, имавме емотивна и длабоко инспиративна средба.
-Милена, преку својата лична приказна обележана од болка, но и неверојатна трансформација, ни го пренесе патот кон живата исхрана: свежо овошје, зеленчук, вода и природни сокови. Се едуциравме за влијанието на сировата храна врз телото, умот и енергијата. Учениците, заедно со Милена, подготвија мени кое го дегустиравме со восхит: – Живи ќофтиња – Живи крекери – Киноа салата – „Жива“ руска салата со мајоГнез – Хумус од наут – Охридско макало со скопски шмек – Жива нутела – Превкусно смути и многу вода, велат организаторите.
Инаку, сите рецепти ќе бидат достапни во печатен флаер наскоро на кој сите заинтересирани ќе можат да се едуцираат. Настанот е спонзориран од ЦЕПТЕР МАКЕДОНИЈА.
-Благодарност до сите учесници, ученици и гости затоа што ова беше почеток на нешто моќно, хумано и вкусно. На настанот го одбележавме и го честитавме 81 роденден на почитуваниот Јосиф Андреески, долгогодишен член на здружението, ценет Професор и пред се голем човек, кој покрај другото, со посебен хумор ги збогатува нашите дружења, се вели во соопштението.