Вчера во Младински Центар Охрид се одржа Младинска конференција за женско претприемништво „Храброст, креативност и акција: Идејата е почеток“, На настанот присуствуваа млади, претприемачки духови и поддржувачи на младинските иницијативи со цел да се поттикне развојот на женското лидерство и креативност.

Во рамки на конференцијата се одржа инспиративен панел на кој учествуваа три успешни претприемачки: Тијана Цресензи од Vinstreet, Моника Коцарева Ергиќ од Atelier Kocareva и Емилија Алексијоска од Studio77. Панелистките споделија лични приказни за патот од идеја до реализација, предизвиците со кои се соочуваат жените во бизнисот и значењето на храброста, креативноста и автентичноста во градењето сопствена кариера.

По официјалниот дел, разговорите продолжија и неформално каде младите имаа можност лично да поразговараат со панелистките, да поставуваат прашања и да добијат совети за своите идеи и интереси.
-Благодарност до сите што беа дел од овој настан: младите учесници, панелистките, професорите и партнерите кои секогаш ја поддржуваат нашата мисија: да создадеме простор каде младите учат, се вмрежуваат и ја градат својата иднина, велат од Младински центар Охрид.