Хуманоста на дело: 150.000 денари од хуманитарните паркинзи ќе бидат донирани на нашиот сограѓанин Ивица Попоски
Општина Охрид ќе ги донира средствата од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари на нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој во моментов води една од најтешките битки.
Инаку, Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство.
Донации може да се уплатат на:
Трансакциска сметка: Комерцијална Банка 300017121388653
Девизна сметка: 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком Мк 143107
Број за донација А1 143474.
Градоначалникот Пецаков додава и дека 50.000 денари собрани од турнирот „Ohrid FREED 2025“ кој беше во организација на ЈП „Билјанини Извори“, се доделуваат на Здружение за воспитно образовна психо-социјална поддршка; ВОПС – Поддршка Охрид и 50.000 денари на Здружение на лица со дијабет Тип 1.
-Верувам дека овие донации ќе помогнат во реализацијата на нивните благородни мисии. Продолжуваме со поддршка на сите оние кои работат за подобро утре!, вели градоначалникот во својата објава.


