Примопредавање на градоначалничката функција, Златко Сиљаноски е официјално градоначалник на Општина Дебрца
Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски.
-На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца. Досегашниот градоначалник Ногачески му посака успех во работата на својот наследник, изразувајќи уверување дека Општината ќе продолжи да се развива во интересите на сите жители, велат од Општина Дебрца.

Новиот градоначалник Сиљаноски се заблагодари за досегашната соработка и довербата добиена од граѓаните, нагласувајќи дека негов приоритет ќе биде транспарентно, одговорно и посветено работење во интерес на секој жител на Општина Дебрца.