СВР Охрид
Кривична пријава за напад на полицаец за време на контрола на риболов во Струга
Од најновиот Билтен на СВР Охрид.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста“.
– На 27 октомври 2025 година, полициски службеници го затекнале пријавениот со повеќе лица при незаконит риболов на Црн Дрим, при што тој физички нападнал еден полициски службеник, информираат од СВР Охрид.


