Skip to main content

Охриѓани заглавени во темнина: Граѓаните апелираат за подобро улично осветлување во центарот на градот

Граѓаните револтирани од слабото улично осветлување околу економското училиште и општината реагираат во нашата рубрика.
 |  инфодеск  | 

Граѓаните на Охрид алармираат за лошото улично осветлување кое ја прави безбедноста на улиците загрозена, особено во вечерните часови. Според сведоштва, улиците во близина на економското училиште, како и околу општинската зграда, се претемни, а светлината дури и по главните улици е многу слаба. Многу граѓани, а особено учениците, се принудени да користат светлото на мобилните телефони за да го најдат патот до дома.

-Здраво, не знам дали рубрикава уште е во функција, ама ако не е да ја активирате. Имено, сакав да апелирам за уличното осветлување. Улиците се претемни, а осветлувањето и по главните улици е многу слабо. Воопшто не го личит градов темен… Децата околу училиштата светат со телефон за да го најдат патот. Овие слики се позади општината кај економското училиште, можеби овој пост ќе придонесе за доброто на граѓаните, стои во пораката на нашата сограѓанка.