Skip to main content

Утре за најмладите претставата „Чувари на улицата“

Претставата ќе биде изведена во 19:00 часот во Охрид мол.
 |  инфодеск  | 

Утре, петок, 14 ноември, во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ за најмладите ќе биде изведена  веселата, интерактивна и едукативна претстава „Чувари на улицата“ од Изабела Јакимова.

-Претставата преку песна, игра и театар им ја доближува на најмладите важноста на безбедното однесување во сообраќајот. Децата ќе ги научат боите на семафорот и нивното значење, најважните сообраќајни знаци, како безбедно да преминат улица и зошто е важно да внимаваме едни на други во сообраќајот. Претставата е наменета за деца од 3 до 10 години, но воедно е уживање и за возрасните – бидејќи сите заедно учиме како да бидеме побезбедни на улиците, порачуваат организаторите.

Претставата ќе биде изведена во 19:00 часот во Охрид мол.