Skip to main content

општина дебрца

Нова механизација за поефикасна канализација: Општина Дебрца ја прими новата машина за чистење на канализациони системи

Сиљаноски: Новата механизација ќе овозможи поефикасно, побрзо и поквалитетно одржување на канализационата мрежа, со што директно се подобрува услугата кон граѓаните. Продолжуваме со реални проекти и вложувања кои носат вистински придобивки за жителите на нашата општина. Заедно градиме подобра Дебрца!
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, информира дека денес општината официјално ја прими новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, која ќе биде во служба на Општина Дебрца и ЈКП „Дебрца“. На приемот присуствуваше и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба, со кого заеднички беше означена реализацијата на оваа значајна инвестиција.

Оваа набавка претставува значаен чекор во модернизацијата на комуналниот сектор. Новата механизација ќе овозможи поефикасно, побрзо и поквалитетно одржување на канализационата мрежа, со што директно се подобрува услугата кон граѓаните. Продолжуваме со реални проекти и вложувања кои носат вистински придобивки за жителите на нашата општина. Заедно градиме подобра Дебрца!, изјави градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.

Инаку, опремата е набавена преку повикот за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и за зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, објавен од Министерството за локална самоуправа, а со одлука на Владата, на Центарот за развој на Југозападниот плански регион му беа доделени 1.200.000 денари, наменети за набавка на оваа опрема за потребите на ЈПКД Дебрца – Белчишта.