Skip to main content

ЈЗУ Општа болница Охрид

ЈЗУ Општа болница Охрид набави нова современа медицинска опрема за подобра и побезбедна грижа на пациентите

Со оваа опрема болницата прави значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и поквалитетно лекување на сите пациенти.
 |  инфодеск  | 

Охридската болница информира дека доби нова современа медицинска опрема, со што значително се унапредува квалитетот на здравствената услуга и безбедноста на пациентите.

Болницата доби 7 најсовремени пациентски монитори, кои се распределени на одделенијата за Анестезија и Интензивно лекување, Неврологија, Интерна медицина и Гинекологија и Акушерство; 4 Аспиратори за сукција кои се распределени на Одделот за Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение, и Одделот за Неонатологија и Педијатрија. Осумте инфузиони пумпи и перфузори се распределени на Одделот за Анестезија и Интензивно лекување и Интерно одделение, за обезбедување прецизна и сигурна терапија, особено кај критично болни пациенти.

Набавени се и 2 гасни анализатори – еден за Педијатрија и еден за Анестезија и Интензивно лекување.

– Овие уреди овозможуваат брза и точна анализа, неопходна за навремена процена на респираторниот и метаболниот статус на пациентите. Оваа опрема претставува голем чекор напред во унапредувањето на квалитетот на здравствената услуга и директно придонесува за подобра, побрза и побезбедна грижа за сите пациенти, се вели во соопштението од ЈЗУ Општа болница Охрид.