Skip to main content

ООУ „Григор Прличев“

Прличевци донираа книги во основното училиште во Пустец

ООУ „Григор Прличев“: Споделувањето на знаењето и љубовта кон пишаниот збор е најубавиот подарок што можеме да го подариме! „Една книга може да промени илјадници умови – дарувај за да инспирираш.“
 |  инфодеск  | 

По повод Месецот на книгата, кој се одбележува од 15 октомври до 15 ноември, вчера Прличевци реализираа значајна донација на книги за Основното училиште „Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиоски“ во Пустец.

– Учениците со голема хуманост и љубов кон книгата собраа 150 книги, кои ги донираа за збогатување на училишната библиотека и поттикнување на читањето кај своите врсници. Благодарност до сите ученици кои учествуваа во оваа акција и покажаа дека споделувањето на знаењето и љубовта кон пишаниот збор е најубавиот подарок што можеме да го подариме! „Една книга може да промени илјадници умови – дарувај за да инспирираш.“, велат од ООУ „Григор Прличев“.

Инаку, акцијата беше спроведена во рамките на Отворениот ден на Граѓанското образование во соработка со наставникот Анастас Темелко и учество на учениците од предметна настава.