OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид
Млад научник во подем: прво место на школата ,,Млади физичари” за Наум Смилевски од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски”
Наум Смилевски го освои првото место со модел за безжичен пренос на енергија.
Од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски” информираат дека нивниот ученик Наум Смилевски од II-4 на 13.11.2025 г. учествуваше на 47. школа ,,Млади физичари” во организација на Друштвото на физичари на Република Македонија и го освои првото место.
Смилевски се претстави со модел со кој го објасни процесот за безжичен пренос на електрична енергија преку елктромагнетна индукција и електромагнетно поле.



